• четврток, 25 јули 2024

Американскиот сенатор Боб Менендез поднесе оставка

Американскиот сенатор Боб Менендез поднесе оставка

Вашингтон, 24 јули 2024 (МИА) - Американскиот сенатор Боб Менендез поднесе оставка откако претходно синоќа етичкиот комитет на американскиот Сенат го направи првиот чекор за ревизија што може да доведе до негово исклучување од Сенатот.

Оставката на Менендез ќе стапи на сила на 20 август.

Сенаторот Менендез претходно се спротивстави на повиците за оставка, вклучително и од гувернерот на Њу Џерси, неговата родна држава, и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, откако беше осуден за 16 кривични дела, вклучително и поткуп, пред федералниот суд во Њујорк. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан