Амбасадата на САД повторно ги повика Американците итно да ја напуштат Украина
- Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика Американците веднаш да ја напуштат Украина, бидејќи континуираните руски напади, состојбата ја направија насилна и непредвидлива, пренесуваат стра
Киев, 14 март 2022 (МИА) - Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика Американците веднаш да ја напуштат Украина, бидејќи континуираните руски напади, состојбата ја направија насилна и непредвидлива, пренесуваат странските медиуми.
Американските државјани, кои останаа во Украина, беа советувани внимателно да ги разгледаат рутите и ризиците на патувањето, затоа што украинските патишта може да бидат пренатрупани, изложени на борбени операции, или да имаат оштетена инфраструктура поради ракетирање мостови и градови.
Стејт департментот, уште во јануари, соопшти дека нема точен број на Американци во Украина, освен преостанатиот персонал на американската амбасада.бд/сд/