• петок, 19 јули 2024

Активни пожарите кај Калањево и Сирково 

Активни пожарите кај Калањево и Сирково 

Росоман, 18 јули 2024 (МИА) - Активни се  пожарите во неготинско Калањево и росоманско Сирково, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи. Кај 
Калањево горат ниско стеблеста шума и грмушки, а, како што информира за МИА градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, од вчерашната локација кај  Сирково, огнот се префрлил во близина на селото Мрзен. 

Пожарот во неготинско почна минатата среда околу 10.30 часот, а кај Сирково вчера околу пладне. И на двете места, гаснењето вклучуваше гаснење од земја и од воздух. свд/мч/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан