Исплатени субвенциите за пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион, како и за предадено овошје
- Според Трипуновски, денеска се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4 328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од Програмата за 2023 година и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 земјоделци за предадено овошје на домашни преработувачи од програмата за 2023 година.
Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од Програмата за 2023 година. Средствата, информира, од денеска веќе ќе им бидат на располагање на земјоделците.
Според Трипуновски, денеска се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4 328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од Програмата за 2023 година и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 земјоделци за предадено овошје на домашни преработувачи од програмата за 2023 година.
-Остварено е уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, одговорна и посветена работа ќе стигнеме до целта, а тоа е задоволни земјоделци, напомена Трипуновски. мч/дма/
фото: МЗШВ