• среда, 27 ноември 2024

Агентот на Озил со порака до Артета: Ако зборувате, зборувајте ја вистината, инаку подобро е да молчите

Агентот на Озил со порака до Артета: Ако зборувате, зборувајте ја вистината, инаку подобро е да молчите
Лондон, 23 октомври 2020 (МИА) - Еркут Согут, агент на играчот за врска на Арсенал, Месут Озил, го критикуваше тренерот на Арсенал, Микел Артета, за коментарите за тоа дека Германецот не е вклучен во составот на премиерлигашот. - Навивачите на Арсенал заслужуваат искрено објаснување, а не зборовите на Артета за тоа што не успеа. Не успеа да биде искрен, отворен, не успеа со почит да се однесува кон оние што имаат важечки договор, кои отсекогаш биле верни. Секој знае дека Артета се однесува неправедно кон Озил. Тој не му даде можност да се докаже оваа сезона. Ако играчот сепак има договор, тој треба да може да остане и да се бори за своето место. На Месут не му беше дадена таква можност. Секој вели дека Месут тренира добро. Ова Пер Мертезакер го изјави јавно. Зборував со најмалку петмина соиграчи на Озил кои рекоа дека тренира добро. Тие велат дека Месут е еден од најдобрите и не им е јасно зошто го нема во апликацијата. Значи, не станува збор за обука. Ако не станува збор за она што се случува на теренот, кои се фудбалските причини? Ако зборувате, тогаш зборувајте ја вистината што ја заслужуваат навивачите на Арсенал, инаку подобро е само да молчите, му порача Согут на тренерот на „топчиите“. Пред неколку дена Артета се изјасни дека нема да смета на Озил поради слаба форма. зс/

Остани поврзан