Австралија ги зголемува царините за сите увозни производи од Русија и од Белорусија
- Австралија ги зголемува царините за 35 отсто за сите увозни производи од Русија и од Белорусија, соопшти денеска Одделот за надворешни работи и трговија
![Австралија ги зголемува царините за сите увозни производи од Русија и од Белорусија](https://mia.mk/index.php/images/20221112162243_big_730x400_24.webp )
Канбера, 31 март 2022 (МИА) - Австралија ги зголемува царините за 35 отсто за сите увозни производи од Русија и од Белорусија, соопшти денеска Одделот за надворешни работи и трговија.
Соопштеното се совпадна со обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во австралискиот Парламент, каде тој повика на дополнителни санкции за Русија.
Зеленски зборуваше и за тоа што ќе биде по војната, па ги повика нациите и компаниите да инвестираат во обнова на Украина. бд/ми/