Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија
- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема смисла да се слуша што велат украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба за перспективата на преговорите со Русија, бидејќи, како што рече, „тие го кажуваат токму спротивното.
Лаос, 27 јули 2024 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема смисла да се слуша што велат украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба за перспективата на преговорите со Русија, бидејќи, како што рече, „тие го кажуваат токму спротивното.
Осврнувајќи се на изјавата на Кулеба дека Украина е подготвена за преговори со Русија, Лавров изјави дека не е првпат Кулеба да го каже тоа.
„А, понекогаш зборуваше сосема спротивни работи. Неодамна разговараа за преговорите. Зеленски ја спомена неговата подготвеност на крајот да седне со руските претставници. Не ги слушам, да бидам искрен“, рече Лавров на прес-конференција во Лаос, по состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН). паг/
Фото: МИА архива