• среда, 25 декември 2024

Авион со 67 патници се урна во Казахстан, спасувачките екипи на терен

Авион со 67 патници се урна во Казахстан, спасувачките екипи на терен

Астана, 25 декември 2024 (МИА) - Патнички авион се урна во близина на градот Актау во казахстанската област Мангистау, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан.

Според медиумските извештаи, во авионот имало најмалку 67 патници и пет члена на екипажот.

Авионот на Азербејџан ерлајнс летал од Баку кон Грозни во Чеченија, Русија, но бил пренасочен поради магла во Грозни.

Засега нема коментар од авиокомпанијата.

„Спасувачки служби пристигнаа на местото на несреќата“, стои во соопштението на Министерството. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан