• сабота, 22 февруари 2025

Јорданскиот крал Абдула Втори го отфрли секој обид за раселување на Палестинците од Газа

Јорданскиот крал Абдула Втори го отфрли секој обид за раселување на Палестинците од Газа

Аман, 5 февруари 2025 (МИА) - Јорданскиот крал Абдула Втори денеска го отфрли секој обид за преземање контрола врз палестинските територии и раселување на неговите жители, по предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа.

За време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кралот на Јордан ја истакна потребата да се запрат активностите за населување и да се отфрли секој обид за анексија на земјата и раселување на Палестинците од Газа и Западниот Брег, се наведува во соопштението на Кралската палата.

Американскиот претседател вчера објави план за преземање контрола врз Појасот Газа, откако во Белата куќа го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Трамп повтори дека жителите на Газа можат да се преселат во Јордан или Египет, и покрај претходното противење од тие земји и самите Палестинци.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан