• недела, 11 јануари 2026

Ѓорѓиевски: Снегот не може да не изненади

Ѓорѓиевски: Снегот не може да не изненади

Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ноќеска, преку својот фејсбук профил, информира дека веќе неколку дена екипите на Градот се постојано на терен и будно и одговорно ја следат состојбата со врнежите и снегот на сите сообраќајници.

Како што наведува Ѓорѓиевски, Кризниот штаб функционира 24/7, а обезбедени се и доволни количини сол што навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите.

-Нас, снегот не може да не изненади. Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници.   Обезбедени се доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и непречено движење низ градот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови, пишува градоначалникот кој сподели и видео. мч/

фото: Фејсбук на Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Остани поврзан