• четврток, 26 март 2026

Во Центар Жупа излезеноста до 11 часот 2,22 отсто

Во Центар Жупа излезеноста до 11 часот 2,22 отсто

Дебар, 11 јануари 2026 (МИА) – Гласањето во Центар Жупа се одвива без проблеми, а излезеноста до 11 часот е 2,22 отсто.

Според претседателот на Општинската изборна комисија, Неџип Илјаз, од вкупно запишаните 7 562 лица, правото на глас го оствариле 168 што е помалку во однос на 19 октомври 2025 кога до 11 часот гласале 369 или 4,8 отсто.

Во Центар Жупа се гласа на 16 избирачки места. вт/мч/

Фото: МИА

Остани поврзан