Ѓоковиќ загуби сет и се повлече од Австралија опен
- Освојувачот на 24 гренд слем титули Новак Ѓоковиќ се повлече во полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет од Германецот Александар Зверев со 6:7 (5).

Мелбурн, 24 јануари 2025 (МИА) - Освојувачот на 24 гренд слем титули Новак Ѓоковиќ се повлече во полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет од Германецот Александар Зверев со 6:7 (5).
Натпреварот траеше само час и 21 минута, а Србинот реши да не продолжува за да не ја искомплицира состојбата. Тој имаше болки на мечот против Карлос Алкараз во четвртфиналето и доби лекарска помош, а не тренираше ден пред полуфиналето.
Така, Србинот беше елиминиран само по втор пат во полуфиналето на турнирот по минатата година, кога во оваа фаза загуби од Јаник Синер. Тој нема да игра за рекордна 11-та титула во Мелбурн и вкупно 25 Гренд слем титули.
Светскиот рекет број 2, Зверев, од друга страна, се квалификуваше за своето прво финале во Австралија и вкупно трето на Гренд слем, откако досега загуби од Австриецот Доминик Тием со 2:3 сетови на УС Опен во 2020 година и од Шпанецот Алкараз со 2:3 на „Ролан Гарос“ во 2024.
Германецот е олимписки шампион од Токио. дс
Фото: Архива