• недела, 11 јануари 2026

Шекеринска во дводневна посета на Португалија

Шекеринска во дводневна посета на Португалија

Брисел, 7 јануари 2026 (МИА) – Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе престојува во посeта на Португалија.

Како што соопшти Прес-службата на Алијансата, предвидено е денеска Шекеринска во Лисабон да се сретне со португалските министри за надворешни работи Пауло Рангел и за одбрана Нуно Мело, како и со претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело.

Утре Шекеринска ќе ги посети Командата за поморските ударни и сили за поддршка на НАТО, Агенцијата за комуникации и информации на Алијансата, како и Заедничкиот центар за анализа и научени лекции.

Предвидено е Шекеринска да има и обраќање на Католичкиот универзитет, по што ќе следи сесија на прашања и одговори со присутните. сп/ссм/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан