Целосно нова опрема за пумпната станица за вода „Метропол“ кај Охрид
- Екипи на општинското јавно претпријатие „Водовод“ од Охрид вршат замена на дотраената опрема во пумпната станица „Метропол“, односно целосна замена на двете вертикални турбински пумпи што датираат од 1988 година.
Охрид, 26 ноември 2025 (МИА) – Екипи на општинското јавно претпријатие „Водовод“ од Охрид вршат замена на дотраената опрема во пумпната станица „Метропол“, односно целосна замена на двете вертикални турбински пумпи што датираат од 1988 година.
Како што соопштуваат од Општина Охрид, се поставуваат нови поекономични и автоматизирани пумпни агрегати, со цел обезбедување непрекинато водоснабдување на градот Охрид и околните населени места.
Проектот исто предвидува и целосна промена на постојното напојување на пумпните агрегати со ново електрично напојување, како и целосна замена на електричната инсталација.

Во рамки за активностите ќе бидат санирани и подните, ѕидните и таванските површини, заедно со замената на столаријата во просторијата на пумпната станица.
-Со реализацијата на овој проект ќе се намалат трошоците за електрична енергија на ЈП „Водовод“, кои претставуваат најголем финансиски товар на претпријатието, особено во последните три години по отпочнувањето на енергетската криза, се посочува во соопштението.
Вредноста на проектот изнесува околу 38 милиони денари, а средствата ги обезбеди Општина Охрид, преку првиот Јавен повик за финанисирање на проекти од Министерството за локална самоуправа. аб/дма/
Фото: Општина Охрид