• петок, 21 февруари 2025

Усик уште две борби и ќе ја заврши кариерета

Усик уште две борби и ќе ја заврши кариерета

Лондон, 13 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот боксер Олександр Усик, светски шампион во тешка категорија во три престижни верзии, ќе има уште две борби пред да ја заврши кариерата. Тој својата одлука ја соопшти на „Sky Sports“.

Триесет и осумгодишниот Усик е подготвен да ја одржи следната борба со победникот од мечот Даниел Дубоа - Џозеф Паркер за титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), која ќе се одржи на 22 февруари.

- Ќе се борам со кој и да победи, Паркер или Дубоа, нема проблем. Мислам дека имам уште две години во боксот, можеби година и пол. Сега се чувствувам одлично. Треба да се подготвам за уште две борби, не повеќе, изјави Усик.

Во својата последна борба на 22 декември, Усик го победи Британецот Тајсон Фјури вторпат по ред, задржувајќи ги титулите светски шампион на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Светската боксерска асоцијација (ВБА) и Светската боксерска организација (ВБО).

Усик, олимпискиот шампион од Лондон, ги доби сите 23 професионални борби во неговата кариера. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан