• петок, 21 февруари 2025

Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер

Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер

Берлин, 12 февруари 2025 (МИА) - Тројца мажи се осудени од страна на судот во Германија за учество во обид за изнуда врз семејството на поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, јавиja локалните медиуми.

Главниот обвинет во случајот, кој според обвинителството им се јавил на роднините на Шумахер со понуда да ги вратат украдените лични семејни фотографии во замена за пари, судот го осуди на три години затвор за обид за изнуда.

Неговиот син доби условна казна од шест месеци за неговиот дел во шемата, додека поранешен чувар кој некогаш работел за семејството Шумахер доби двегодишна условна казна за помагање и поттикнување изнуда. дс

Фото: Архива

Остани поврзан