• четврток, 16 мај 2024

Скариоло останува на клупата на Шпанија до 2028

Скариоло останува на клупата на Шпанија до 2028


Мадрид, 8 мај 2024 (МИА) – Италијанскиот стратег Серхио Скариолo го продолжи договорот со шпанската кошаркарска репрезентација и ќе остане нејзин селектор до 2028 година, соопштено е денеска.
Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година, со двегодишна пауза од 2013 до 2015 година.
Со репрезентацијата на Шпанија, Скариоло ја освои титулата светски шампион (2019) и четири титули европски првак (2009, 2011, 2015 и 2022 година), како и два олимписки медали, сребро на Игрите во 2012 година и бронза во 2016 година.
Кошаркарите на Шпанија сè уште не се пласирале на Олимписките игри во Париз и тоа ќе се обидат да го постигнат на квалификацискиот турнир кој од 2 до 7 јули ќе се игра во Валенсија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан