• четврток, 02 мај 2024

Сите избирачки места во Крива Паланка, Ранковце и Кратово навреме отворени

Сите избирачки места во Крива Паланка, Ранковце и Кратово навреме отворени

Крива Паланка, 24 април 2024 (МИА) - Сите избирачки места во трите општини од крајниот Североисток на државата, Крива Паланка, Ранковце и Кратово, се отворени навреме.

Јасминка Крстевска, претседателка на општинската изборна комисија Кратово рече дека сите 34 избирачки места се отворени точно навреме,а гласањето се одвива непречено.

Во Кратово право на глас имаат 7 536 граѓани кои денес ќе гласаат за избор на претседател на државата.

И во Крива Паланка, како што информира претседателката на ОИК, Моника Костовска, сите 46 избирачки места се отворени во 7 часот, а навремено отпочна гласањето и во Ранковце каде се гласа на 13 избирачки места. ид/мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан