Сибиха ги повика ЕУ и САД да воведат построги санкции кон Русија по ноќешните напади врз повеќе градови во западна Украина
- „Западните градови Черновци, Л’вов и Луцк беа особено тешко погодени, а погодени беа и други региони“, напиша Сибиха на социјалната мрежа X, нагласувајќи дека руските напади секојдневно погодуваат станбени области, при што убиваат и повредуваат цивили.

Киев, 12 јули 2025 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, побара од Европската Унија и САД веднаш да воведат нови построги санкции кон Русија, откако Москва ноќеска изведе масовен напад со ракети и беспилотни летала врз повеќе украински градови во западниот дел на земјата, јавија украинската агенција Униан.
„Западните градови Черновци, Л’вов и Луцк беа особено тешко погодени, а погодени беа и други региони“, напиша Сибиха на социјалната мрежа X, нагласувајќи дека руските напади секојдневно погодуваат станбени области, при што убиваат и повредуваат цивили.
Според шефот на украинската дипломатија, Русија ги користи приходите од извозот на нафта за финансирање на „фабриката на смртта“.
Тој ги повика партнерите во ЕУ и САД „итно“ да го усвојат 18-тиот пакет санкции и американскиот закон Греам-Блументал, со цел целосно да се негира финансирањето на „руската воена машинерија“.
„Во интерес на нашите партнери е што поскоро да ја нападнат оваа фабрика на терор со нови силни санкции“, рече Сибиха.
Russia continues to escalate its terror, launching another barrage of hundreds of drones and missiles, damaging residential areas, killing and injuring civilians.
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 12, 2025
Western cities of Chernivtsi, Lviv, and Lutsk suffered a particularly horrible attack, other regions were also hit.… pic.twitter.com/hLJFe03xqL
За време на рускиот напад, беа погодени голем број градови, вклучувајќи ги Л’вов, Харков и Черновци.
Во Л’вов беа оштетени станбени згради, додека во Харков беа регистрирани десет напади, вклучувајќи две водени воздушни ракети (КАБ) и осум беспилотни летала.
Три лица се повредени, објави градоначалникот Игор Терехов.
Во Черновци, две лица беа убиени, а четири беа сериозно повредени откако остатоци од непријателски ракети паднаа врз населено место, изјави локалниот функционер Руслан Запаранјук.сд/
фото:МИА архива