СВР-Штип апелира возачите своите возила да ги паркираат прописно
- Возачите со цел да го избигнат паркирањето во централното градско подрачје во Штип своите автомобили ги паркираат во споредните улички и по тротоарите, со цел да се избегне наплатата. Но, и по штипските населби има непочитување на сообраќајните правила и таму возилата се паркираат по тротоарите.

Штип, 24 јануари 2025 (МИА) – Возачите со цел да го избигнат паркирањето во централното градско подрачје во Штип своите автомобили ги паркираат во споредните улички и по тротоарите, со цел да се избегне наплатата. Но, и по штипските населби има непочитување на сообраќајните правила и таму возилата се паркираат по тротоарите. Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска преку писмено соопштение упати апел до граѓаните, односно учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и со тоа какошто се вели во него „сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“.
-Граѓаните на Штип, но и на другите градови, да не ги паркираат односно запираат возилата на места на кои тоа не е дозволено, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Во него се наведува дека до 15 февруари полициските службеници ќе изрекуваат опомени за наведените прекршоци, а потоа ќе се изрекуваат прекршочни платни налози на возачите кои ги прават овие прекршоци, а се со цел подигање на нивото на безбедност во сообраќајот. вдј/са/
Фото. МИА