Саудискиот министер за надворешни работи пристигна во историска посета на Дамаск
- Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принц Фејсал бин Фархан ал-Сауд, пристигна во главниот град на Сирија, Дамаск, каде што се очекува да се сретне со де факто лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара.

Дамаск, 24 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принц Фејсал бин Фархан ал-Сауд, пристигна во главниот град на Сирија, Дамаск, каде што се очекува да се сретне со де факто лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара.
Авионoт на принцот слета на меѓународниот аеродром во Дамаск. Ова е првата посета на саудиски дипломат во Сирија по падот на Башар ал Асад минатиот месец и преземањето на власта од страна на вооружени групи предводени од исламисти.
Новата власт во Сирија изрази желба за отворање нова страница во односите со Саудиска Арабија, а сирискиот министер за надворешни работи, Асад ал Шибани, ја посети Саудиска Арабија на почетокот на месецот, што беше негова прва официјална посета откако ја презеде функцијата.
Ахмед ал Шара изјави дека Саудиска Арабија ќе има клучна улога во иднината на Сирија и повика на помош за обновување на економијата и инфраструктурата, кои се уништени во повеќе од 13 години граѓанска војна. ссм/
фото: ЕПА