• сабота, 22 февруари 2025

Руте: НАТО ќе соработува со секоја влада што ќе се формира во Косово

Руте: НАТО ќе соработува со секоја влада што ќе се формира во Косово

Приштина, 12 февруари 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека НАТО ќе соработува со секоја влада што ќе биде формирана во Косово како резултат на парламентарните избори, изразувајќи надеж дека идната влада ќе биде стабилна.

- Колку што знам, постојат прелиминарни резултати, но конечните сè уште не се објавени. Централната изборна комисија треба да ги соопшти официјалните резултати. Според досегашните податоци, изгледа дека ќе биде формирана коалициска влада. Секако, ќе обезбедиме соработка со оние што ќе ја водат земјата, рече Руте.

Тој им посака „успех на политичките лидери во пронаоѓањето решенија во тековното политичко опкружување, со цел што поскоро да се обезбеди стабилна влада“.

Оваа изјава Руте ја даде пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО, на кој за првпат ќе присуствува и новоименуваниот американски министер за одбрана, Пит Хегсет. ссм/

фото: архива

Остани поврзан