• среда, 10 декември 2025

Решен повеќедецениски безбедносен проблем на улицата „14 бригада“ во Кочани

Решен повеќедецениски безбедносен проблем на улицата „14 бригада“ во Кочани

Кочани, 10 декември 2025 (МИА) - По иницијатива на членот на Советот на Општина Кочани од Независната советничка листа, Влатко Здравков, решен е долгогодишен безбедносен проблем за жители од улицата „14 бригада“ во Кочани, соопшти локалната самоуправа.

Жителите со години се соочувале со опасност при движењето поради постоење на провалија, која претставувала директна закана по здравјето и животите на минувачите, а особено за децата. Во минатото биле регистрирани и несреќи кај пешаци со тешки последици по здравјето.

По поднесената иницијатива од Здравков – брза реакција од Општина Кочани.

Градоначалникот Владко Грозданов соопшти дека на ризичната локација е поставена соодветна заштитна ограда, со што значително е зголемена безбедноста за движење и трајно е надминат алармираниот проблем, информираат соодветните служби во општинската администрација.ИС/

фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан