Проектите „Пулсот на езерото“ и „Од домашна кујна до локален бренд Охрид“ ќе бидат финансиски поддржани од буџетот на Општина Охрид
- Проектите „Пулсот на езерото“ на Нуркачки центар „Амфора“, со приоритетна област туризам и култура, како и „Од домашна кујна до локален бренд Охрид“ на организацијата ЦОР „Импакт“ со приоритетна област родова еднаквост и социјална инклузија ќе добијат финансиски средства за реализација од Општина Охрид.
Охрид, 30 јули 2025 (МИА) – Проектите „Пулсот на езерото“ на Нуркачки центар „Амфора“, со приоритетна област туризам и култура, како и „Од домашна кујна до локален бренд Охрид“ на организацијата ЦОР „Импакт“ со приоритетна област родова еднаквост и социјална инклузија ќе добијат финансиски средства за реализација од Општина Охрид.
Средствата се одобрени согласно Јавниот повик за поднесување предлог-проекти од граѓански организации, како активности усогласени со развојните приоритети на општината за тековната 2025 година.
За реализација на одобрените проекти се издвоени средства од 100 до 700 илјади денари, од вкупниот буџет во вредност од 2,5 милиони денари, со рок за реализација во периодот од април оваа до март наредната година.
Според информациите од Општина Охрид, двата проекти се избрани врз основа на нивна административна усогласеност, јасно дефинирани цели, нивно влијание во заедницата и соодветност со утврдените приоритети на Општина Охрид. аб/вг/
фото/МИА