• петок, 21 февруари 2025

Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум

Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера во 16.00 часот, го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.

Како што денеска соопштија од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми.

- З.К. бил задржан во полициска станица, известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, се додава во соопштението од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан