• петок, 21 февруари 2025
МИА Најави МКД

21 февруари 2025 

Скопје - Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска - Давкова ќе ја посети Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ/13:00)

Скопје - Вицепремиерот Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, ќе го посетат граничниот премин „Блаце“ во врска со имплементацијата на единствена заедничка гранична контрола на патници и стоки, системот „One Stop Shop“ (ГП Блаце / 13:00)

Скопје - Јавна трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“. Изјави за медиумите ќе дадат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Игор Филков и постојаниот претставник на УНДП во земјата Армен Григорјан (Холидеј Ин, сала Милениум 1 / 11:00)

Скопје - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе присуствува на започнувањето со реализација на водоводната мрежа на улица „Неџат Аголи“ (поранешна ул. „Ковачка“)  во општина Чаир (Паркинг на Гинекологија Чаир / 11:00)

Скопје - По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците организира настан на кој ќе присуствуваат и учениците добитници на наградите од објавениот повик за доставување творби напишани на нивниот мајчин јазик. (Министерство за односи меѓу заедниците / 12:00)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 15. седница (https://zoom.us/j/99288720851?pwd=73Ykn73BpAyWILmSl667FUaNQ5VrPg.1 / Meeting ID: 992 8872 0851 / Passcode: 916350 / 10:00)

Струмица - Амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија Михалис Рокас ќе се сретне со градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов. (Општинска сала / 12:30)

Скопје - Брифинг со портпаролот на Левица Амар Мециновиќ (Централната канцеларија на ПП Левица /12:00) 

Скопје - Во организација на „Stark Energy“, а во соработка со Машинскиот факултет при УКИМ и унгарската компанија Икарус ќе се одржи форум „Електробус“. Пред присутните ќе се обратат амбасадорот на Унгарија Андреш Клајн, претседателот на компанијата Икарус, Бенко Тамас и деканот на Машинскиот факултет при УКИМ, Златко Петрески. (УКИМ Машински факултет – Скопје, нова зграда, просторија К3-9 / 11:00)

Скопје - Амбасадорката на Јапонија Сецуко Кавахара ќе потпише два договори за грант во склоп на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност.  (Простории на Амбасадата на Јапонија во ТЦ Соравија на 6ти кат / 11:00)

Скопје - Промоција на проектот МЕРИТ - Мапирање на ризиците при вработување и подобрување на транспарентноста во организација на ЗИП Институт. (Јавна соба / 10:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на НУ Македонски народен театар Никола Кимовски.  (МНТ/11:00)

Скопје - Во рамки на Денот на италијански дизајн во светот, Амбасадата на Република Италија во Скопје, во соработка со Италијанската трговска агенција организира конференција на тема „Нееднаквости: Дизајн за подобар живот“. (ФИНКИ, амфитеатар А1/12:00)

Битола - Македонско научно друштво - Битола и Педагошки факултет - Битола, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик организираат работилница на тема „Авторските неологизми“. (Педагошки факултет - Битола / 11:00)

Скопје - Семинар на Македонскиот национален комитет на ИКОМ со наслов „Едукација и инклузија - клучна карика во музејското работење“. (Музеј на македонската борба за самостојност / 11:00) 

Скопје - Изведба на балетската претстава за деца „Петар Пан“ во продукција на Национална опера и балет. (НОБ / 19:00)

Скопје - „Денови на пријателство на новинарството“, организиран од невладините организации Рес Егнатија и Сојузот на новинарите на Албанци од Тирана. (Иноx Центар / 17:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан