Перински на средби со граѓани во Ѓорче Петров
- -Во конструктивна и отворена дискусија, граѓаните изнесоа конкретни предлози во повеќе области, од подобрување на инфраструктурата, преку поддршка за спортските и културните иницијативи, до засилување на механизмите за партиципативно учество на жителите во носењето на одлуките на локално ниво, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински и неговиот заменик Ерџан Селими вечерва во Домот на културата во Ѓорче Петров оствариле средба со граѓани, претставници на невладиниот сектор, спортски и културни работници, со цел да ги слушнат нивните идеи и предлози за развој на општината.
-Во конструктивна и отворена дискусија, граѓаните изнесоа конкретни предлози во повеќе области, од подобрување на инфраструктурата, преку поддршка за спортските и културните иницијативи, до засилување на механизмите за партиципативно учество на жителите во носењето на одлуките на локално ниво, соопшти Министерството за локална самоуправа.
Министерот Перински ја истакнал важноста на ваквите директни средби со граѓаните и потенцирал дека Министерството за локална самоуправа останува посветено на поддршката на општините преку програми кои обезбедуваат балансиран локален развој.
-Нашата обврска е да бидеме постојано на терен и да ги слушнеме реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Само преку ваков пристап можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе одговараат на вистинските потреби на локалното население. Ѓорче Петров е општина со голем потенцијал, а Владата ќе продолжи да работи на создавање подобри услови за нејзините жители, истакнал Перински.
Меѓу клучните приоритети кои граѓаните ги посочиле биле подобрување на локалната патна инфраструктура, обнова на тротоарите и осветлување во одредени делови од општината. Жителите апелирале и за поефикасно одржување на јавните површини и за изградба на нови рекреативни зони и детски игралишта.
Претставниците на спортските клубови побарале зголемена поддршка за младинскиот спорт, подобрување на спортските капацитети и поедноставени процедури за добивање финансиска поддршка од страна на институциите.
-Културните работници, пак, побараа повеќе можности за организирање културни настани и проекти кои ќе ја зајакнат локалната уметничка сцена и ќе овозможат поголема видливост на младите уметници, се наведува во соопштението. хс/са/
Министертство за локална самоуправа