Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
- Томиќ долги години беше дел и од редакцијата на Канал 5 кадe работеше како уредник во информативната редакција и остави значаен белег во своето известување и аналитички пристап.

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - По кратко боледување денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.
Томиќ долги години беше дел и од редакцијата на Канал 5 кадe работеше како уредник во информативната редакција и остави значаен белег во своето известување и аналитички пристап.
Својот професионален ангажман подоцна го продолжи во маркетинг секторот, работејќи во секторите за односи со јавност. нд/ац/
Фото: Фејсбук