• петок, 21 февруари 2025

Поранешен капитен на Тотенхем: Ова што се случува е страшно, Сон не треба да биде капитен

Поранешен капитен на Тотенхем: Ова што се случува е страшно, Сон не треба да биде капитен

Лондон, 7 февруари 2025 (МИА) - Лошата игра на Тотенхем во четвртокот вечерта го разочара поранешниот капитен на тимот Џејми Реднап. Тимот од Лондон беше поразен од Ливерпул со 4-0 во реваншот од Карабао купот, по што беа елиминирани. И покрај тоа што имаа предност од еден гол од првиот натпревар, играчите на Анже Постекоглу изгледаа катастрофално и не пружија отпор.

-Имаше слаби моменти, но ова беше страшно. Лично, не паметам тим на Тотенхем да се откажал така лесно без борба како вечерва. Се чувствувам тажно за овие млади момчиња. Џед Спенс смени 14 позиции на теренот... Никогаш не сум видел такво нешто, изјави Реднап за „Скај спортс“.

Потоа ги нападна лидерите во составот и дури изрази мислење дека Хеунг-Мин Сон не е способен да биде капитен.

-Посакувам искусните играчи да ги водат останатите, но во реалноста немаше ништо такво. На пример, не го прифаќам Сон за капитен. Никогаш не го замислував како лидер. Што прави тој, кога работите не одат добро? праша Реднап.

Тотенхем загуби седум од последните 13 натпревари во сите натпреварувања и е 14-ти во лигата. Тимот нема освоено трофеј 17 години. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан