ПМФЛ: Воска го напушти мечот со Вардар незадоволни од судењето
- Фудбалерите на Воска го напуштија натпреварот против Вардар во 75.минута откако беа незадоволни од судењето.

Охрид, 19 април 2025 (МИА) - Фудбалерите на Воска го напуштија натпреварот против Вардар во 75.минута откако беа незадоволни од судењето.
Воска имаше предност од првото полувреме со голот на Осеи, а Вардар до израмнување стигна во 74-тата, гол по кој домаќините протестираа сметајќи дека топката не ја минала гол-линијата.
Реагираа домашните фудбалери, натпреварот продолжи, но беше прекинат само неколку минути подоцна.
Откако се почека извесно време тие да се вратат, тоа не се случи. Мечот и официјално беше прекинат, а Вардар највероајтно ќе добие службена победа.
Резултати од ПМФЛ:
Струга - Гостивар 1:1
Тиквеш - Академија Пандев 2:1
Беса - Шкендија 2:3
Работнички - Пелистер 2:1
Шкупи - Силекс 1:2
Воска Спорт - Вардар 1:1 (прекината). дс
Фото: Принтскрин