• петок, 05 декември 2025

ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби

ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби

Скопје, 11 мај 2025 (МИА) - Фудбалерите на Вардар запишаа гостинска победа во градското дерби против Работнички од 0-1 (0-0) во рамките на претпоследното коло во Првата Македонска Фудбалска Лига (ПМФЛ). 

Средбата се одигра на теренот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а единствениот гол го постигна Горан Закариќ од пенал.

„Црвено-црните“ по денешната победа имаат 42 бода на првенствената табела и се петтопласирани, додека Работнички има 56 и веќе е сигурен на третото место.

Резултати од ПМФЛ, 32. коло:

Работнички - Вардар 0-1
Силекс - Пелистер 0-0
Шкупи - Тиквеш1-1
Струга ТЛ – АП Брера 1-1
Беса – Воска Спорт 3-0 (службено)
Гостивар – Шкендија 0-3 (службено). дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан