• четврток, 04 декември 2025

Проблеми во Минхен: Сане не е задоволен од новиот договор

Проблеми во Минхен: Сане не е задоволен од новиот договор

Минхен, 11 мај 2025 (МИА) - Проблеми се појавија на „Алијанц Арена“ и тоа во ликот на Лирој Сане, кој не е задоволен од понудата за нов договор.

Договорот на германскиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната и Баерн беше спремен да му понуди нов, но крилниот напаѓач не е задоволен од условите.

Секако, станува збор за платата, откако Сане очекувал поголема понуда.

Сане нема да очајува, бидејќи веќе има понуди и интерес од бројни европски клубови, како што се Арсенал, Челси и некои тимови од Шпанија.

Сане е во Баерн пет години, а им се приклучи на Баварците од Англија кога пристигна од Манчестер Сити. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан