• недела, 05 мај 2024

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Загреб, 26 април 2024 (МИА) – Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.

Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан