Песков: Распоредувањето нуклеарно оружје во Финска ќе претставува закана за Русија
- „А ако Финска ни се закани, ние ќе преземеме соодветни мерки“, изјави Песков.
Москва, 6 март 2026 (МИА) - Распоредувањето нуклеарно оружје во Финска ќе претставува закана за Русија и затоа во одговор Москва ќе преземе соодветни мерки, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Коментирајќи ја најавата на финската Влада Песков рече дека факт е дека Финска ѝ се заканува на Русија со распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, објавија руските медиуми.
„А ако Финска ни се закани, ние ќе преземеме соодветни мерки“, изјави Песков.
Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен претходно изјави дека финската Влада предлага да се дозволи увоз и складирање на нуклеарно оружје на територијата на земјата ако тоа е поврзано со одбраната на Финска, а дека во други случаи тоа ќе остане забрането.сд/ми/
Фото:МИА архива