• недела, 11 јануари 2026

Патот кон Бањиче расчистен, граѓаните да внимаваат поради опасност од нови одрони 

Патот кон Бањиче расчистен, граѓаните да внимаваат поради опасност од нови одрони 

Тетово, 10 јануари 2026 (МИА) - Општина Тетово соопшти дека патот кон месноста Бањиче е расчистен, но потенцира дека како последица на обилните врнежи од дожд, сè уште постои опасност од одрони на земја и камења на одредени места.

-Апелираме до граѓаните да се движат со зголемена претпазливост, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да избегнуваат непотребно движење во ризичните зони“, соопшти Општина Тетово.

До свлечиште на земја и одронување на делови од карпи и големи камења дојде пред три дена откако претходно имаше интензивни врнежи од дожд. ас/мч/

фото: Општина Тетово 

Остани поврзан