• сабота, 22 февруари 2025

Општина Газа соопшти дека 70 отсто од патиштата се уништени или оштетени

Општина Газа соопшти дека 70 отсто од патиштата се уништени или оштетени

Газа, 23 јануари 2025 (МИА) – Портпаролот на општина Газа, Асим Набих, за Ал Џезира изјави дека иако патиштата се повторно отворени за да се овозможи враќање на раселените Палестинци, повеќе од 70 отсто од нив се уништени или оштетени од израелските бомбардирања.

Набих рече дека општината создала план за закрепнување, но дека ќе и треба „поддршка од сите“.

- Списокот на потреби стигна до меѓународните организации и институции и се надеваме на нивна итна интервенција, додаде тој. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан