Од утре дожд, на некои места пороен
- Во среда и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни, соопшти УХМР.

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Во среда и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни, соопшти УХМР.
Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и сабота ќе биде стабилно, а од недела повторно се очекуваат врнежи.
Фото: МИА архива