• петок, 21 февруари 2025

Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег

Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Во сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со негативни утрински температури. Од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите, соопшти УХМР.

По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег. 

Фото. МИА архива

Остани поврзан