Од среда нестабилно со локален дожд и снег
- Според прогнозата, утре попладне на југозапад ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда, најпрво во планинските региони и потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, додека на пониските места ќе врне и дожд и снег.

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - До среда времето ќе биде стабилно и студено, особено наутро, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст, инмформира УХМР.
Според прогнозата, утре попладне на југозапад ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда, најпрво во планинските региони и потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, додека на пониските места ќе врне и дожд и снег.
Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места, најавува УХМР. мч/дма/
фото: МИА архива