Нетанјаху ги посети израелските сили во Сирија
- „ Нетанјаху денеска ја посети тампон-зоната во Сирија, придружуван од министерот за одбрана Израел Кац, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, началникот на Генералштабот Ејал Замир и началникот на Шин Бет (Внатрешна безбедност) Давид Зини“, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот.
Ерусалим, 19 ноември 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, придружуван од други функционери, денеска ги посети израелските сили распоредени во Сирија, преку линијата на разграничување меѓу двете земји кои сè уште се во војна, објави израелската Влада.
„ Нетанјаху денеска ја посети тампон-зоната во Сирија, придружуван од министерот за одбрана Израел Кац, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, началникот на Генералштабот Ејал Замир и началникот на Шин Бет (Внатрешна безбедност) Давид Зини“, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот.
По соборувањето на сирискиот лидер Башар ал-Асад во декември 2024 година, Израел испрати сили во демилитаризираната зона патролирана од силите на ОН во сириската Голанска Висорамнина, велејќи дека не му веруваат на новиот лидер на Сирија, поранешниот џихадист Ахмад ал-Шара.
Демилитаризираната зона го одделува делот од сириската Голанска Висорамнина окупиран од Израел од 1967 година (и еднострано анектиран со израелски закон од 1981 година, кој не е признат од ОН) од остатокот од Сирија.
Нетанјаху посети израелска воена позиција пред да одржи безбедносен брифинг и да одговори на прашања од војниците, според израелското соопштение во кое беа објавени фотографии од посетата.сд/
фото: Скриншот од видео на прес канцеларијата на Владата