Наредена евакуација во австралиската држава Викторија поради пожар на 28.000 хектари
- Властите на австралиската држава Викторија издадоа наредба за евакуација на стотици жители поради неколку пожари, од кои најголемиот избувна на околу 241 километар западно од Мелбурн.
Мелбурн, 21 декември 2024 (МИА) - Властите на австралиската држава Викторија издадоа наредба за евакуација на стотици жители поради неколку пожари, од кои најголемиот избувна на околу 241 километар западно од Мелбурн.
-Еден од пожарите, предизвикан од удари на гром во вторникот, се прошири во текот на ноќта и сега гори повеќе од 28.000 хектари, соопшти Службата за итни случаи на Викторија.
Околу 400 пожарникари работат на гаснење на пожарот во Викторија, користејќи повеќе од 100 танкери и 25 авиони. мс/
фото: МИА архива