• петок, 05 декември 2025

Нагелсман пред завршните квалификациски дуели: Веќе немаме право на неуспех

Нагелсман пред завршните квалификациски дуели: Веќе немаме право на неуспех

 

Берлин, 10 ноември 2025 (МИА) – Германскиот фудбалски селектор Јулијан Нагелсман изјави денеска дека не е време за експериментирање со репрезентацијата и оти најважно е да се победат преостанатите два квалификациски натпревари и да се обезбеди директен пласман на Светското првенство 2026.

По четири одиграни кола, Германија е на врвот на табелата во својата квалификациска група со девет бодови, колку што има и второпласираната Словачка, но со послаба гол-разлика. Северна Ирска има шест, а Луксембург е без бодови.

Германија гостува во Луксембург на 14 ноември, а ја пречекува Словачка три денови подоцна.

„Веќе немаме право на неуспех. Најважно е да ги добиеме последните два натпревари, да освоиме шест бода и да се квалификуваме за Светското првенство“, рече Нагелсман на денешната прес-конференција.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан