• недела, 11 јануари 2026

МТСП: Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и за попреченост

МТСП: Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и за попреченост

Скопје, 9 јануари 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за декември 2025 година.

- Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Денеска може да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади. лв/паг/

фото: МИА архива 

Остани поврзан