• недела, 11 јануари 2026

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар

Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - Од 10:05 часот претпладнево се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар, информира ЈП „Македонија пат“.

Како што претходно соопшти, од 09:00 часот утрово е укината забраната за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ што беше воведена синоќа во 21:00, додека од 08:20 часот е укината и забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25. мч/

фото: МИА

Остани поврзан