Успешно спасени двајца вработени на А1 кај Лазарополе
- Лицата биле пронајдени утрово во 08:30 часот на локацијата „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, во атарот на село Лазарополе по што биле успешно извлечени, во добра здравствена состојба. Станува збор за Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - МВР соопшти дека се спасени двајца вработени во А1 кои вчера биле заглавени во снег кај Лазарополе. Лицата биле пронајдени утрово во 08:30 часот на локацијата „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, во атарот на село Лазарополе по што биле успешно извлечени, во добра здравствена состојба. Станува збор за Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
-Вчера (10.01.) во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за униформирана полиција при МВР како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот, информира МВР. мч/
фото: МИА