Можен прекин во водоснабдувањето во Визбегово
- Во скопската населба Визбегово денеска е можен прекин во водоснабдувањето.

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - Во скопската населба Визбегово денеска е можен прекин во водоснабдувањето.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, се работи за уличен дефект на потисна цевка Ф-300 милиметри за резервоарот - Визбегово. Доколку дојде до празнење на резервоарот, како што се наведува, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од Визбегово.
Санирањето на дефектот е почнато од 10:00 часот и ќе се работи се до негово завршување. мд/сст/
Фото: МИА архива