• петок, 21 февруари 2025
МИА Флеш

  7 февруари 2025

 

 

Скопје - Дојавите за бомби во училиштата се лажни, потврдија проверките на МВР. Учениците се вратени на настава и се е под контрола, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

На прес-конференција претпладнево, таа соопшти дека утрово МОН формиралo меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата откако во повеќе основни и средни училишта денеска имало дојави за поставени експлозивни направи.

-Сите дојави се лажни и учениците се вратени на настава, рече Јаневска.

Скопје – Не го разбирам револтот, очекував предлози, очекував наставни планови и наставни програми. Никаде не брзаме, ништо не е дефинитивно одлучено, имаме една година време за да ја донесеме концепцијата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за предложената концепција за реформи на гимназиското образование. 

Одговарајќи на новинарско прашање, таа повтори дека се работи за нацрт-верзија, дека забелешките се внесуваат и расправата ќе продолжи, повикувајќи прашањето за концепцијата јавноста да го затвори. Како што рече, МОН има и премногу други запоставени работи покрај оваа концепција.

Скопје - Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието.

-Дополнително, сакам да потсетам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието. Тоа доволно говори и е само една од многуте причини поради која што денеска ја поднесуваме оваа интерпелација. Европската унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста. Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во рпавосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ, рече на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје - Во контекст на актуелните случувања во однос на безбедноста во сообраќајот во нашата држава, Министерството за правда е фокусирано на утврдување на можни измени и дополнувања во законите, со кои ќе се придонесе за значително зајакнување на безбедноста во сообраќајот, изјави денеска министерот за правда Игор Филков на јавната расправа во Собранието. 

-Со оглед на забележаното зголемување на несреќите, сметаме дека е неопходно итно да се разгледаат нови стратегии и решенија кои ќе вклучат: зголемување на санкциите за возачи кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, потребно е да се подобрат казнените одредби во однос на прекршителите, поткрепени со детална анализа на практиката на изрекување и спроведување на казните. Ова ќе ни помогне да утврдиме дали во пракса казните се адекватни, дали преовладува тенденција на изрекување на поблаги санкции, рече Филков пред пратениците и претставниците на институциите.

Скопје - Името на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени што не смееме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај не потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која започна јавната расправа посветена на потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. 

Скопје - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на Светската банка, со цел разгледување на можностите за финансирање и соработка во областа на енергетската ефикасност.

На состанокот, како што соопшти Министерството, се дискутирало за потенцијалните фондови од Светската банка, кои би биле наменети за поддршка на енергетските реформи, транзицијата кон обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во земјата.

Скопје - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера во 16.00 часот, го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.

Како што денеска соопштија од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми.

Скопје - Бегалец од затвор бил приведен близу граничниот премин „Богородица“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Синоќа во 21:30 часот на автопат А1 во близина на граничниот премин „Богородица“, полициски службеници од СВР-Струмица - ОВР-Гевгелија го лишиле од слобода З.В., на возраст од 43 години од Штип. Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“. Бил баран по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа „Затвор - Штип“, појаснуваат оттаму.

Скопје - Општина Аеродром денеска беше домаќин на првата од серијата посети на Министерството за локална самоуправа „Каде што срцето е дома“. Оваа иницијатива има за цел изворно запознавање со предизвиците и реалните потреби на локалните самоуправи и граѓаните, со фокус на изнаоѓање соодветни решенија за нивно надминување и поголем напредок.

На посетата присуствуваа министерот Златко Перински, заменик министерот Ерџан Селими, в.д. градоначалникот Дејан Митески, претседателот на општинскиот Совет, Љупчо Ацковски и членови на Советот, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Скопје - Општина Ѓорче Петров и Македонската асоцијација за применета психологија – Симболикум (МАПП-Симболикум) потпишаа меморандум за соработка со цел подобрување на менталната благосостојба на учениците.

Преку проектот, кој ќе се реализира во четири општини и осум училишта, се предвидуваат психолошко тестирање и психо-социјални интервенции насочени кон рано откривање на потребите на учениците. Во Општина Ѓорче Петров, активностите ќе се спроведуваат во ОOУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и ОOУ „Јоаким Крчоски“.

Тирана - Познатиот албански експерт по криминалистика и унивезитетески професор по безбедност, Ервин Карамучо, изјави дека епицентарот на Албанците во светот на криминалот е Блискиот Исток, Дубаи.

Тој во емисијата „360 степени“ на ABC News.al, нагласи дека таму има голем пазар, а има и Албанци чии имиња не се познати.

Белград - Студентите и граѓаните кои протестираат мора да одлучат како ќе продолжат со нивните протести и секако мора да ги артикулираат политички, изјави известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, протестните маршеви и блокадите ја ставиле земјата во „нешто како вонредна состојба“.

Приштина – Премиерот на Косово, Албин Курти првпат одговори на критиките на специјалниот пратеник на САД, Ричард Гренел, кој неодамна го нарече несигурен партнер за Вашингтон.

Курти во интервју за косовските медиуми истакна дека односите помеѓу Косово и САД во моментот се на највисоко ниво од прогласувањето на независноста. Според него, коментарите на Гренел повеќе се резултат на медиумски интерпретации отколку на директни изјави.

Брисел – Еврокомесарот за економија Валдис Домбровскис ветил дека Европската комисија ќе одржува редовни консултации со претставниците на европските синдикати со цел да ги намали нивните стравувањата дека новите мерки на Брисел за поттикнување на економскиот раст на ЕУ одат во интерес на бизнисот, а на штета на работничките права. 

Според генералната секретарка на Европската конфедерација на синдикатите (ЕТУЦ), Естер Линч, на средба со претставници на ЕТУЦ, Домбровскис се согласил да одржува периодични средби со претставници на работниците на кои ќе се разменуваат мислења и ќе се дискутира за клучните иницијативи на ЕК. 

Мадрид - Шпанските власти спасија 52 Романци кои беа држени во нехумани услови на плантажа во Шпанија од нивни сонародници кои ги третираа како робови, јавува ТВ Диги 24.

Работниците беа донесени од Романија со ветувања за високи плати и одлични услови, но беа изложени на малтретирање и принудени да спијат во бедни колиби во Андалузија, каде што се одгледуваат портокали и други плодови.

Хаг – Холандските политичари реагираа на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд, при што некои десничари побараа негово дислоцирање од земјата.

Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп (партија на Новиот социјален договор), најави дека Холандија жали за таквата одлука на Белата куќа.

Вашингтон - Дваесет и две американски сојузни држави ја тужат државата Њујорк, тврдејќи дека нејзиниот нов Закон за климатски суперфондови е неуставен.

Според тужбата, законот ги обврзува големите производители на енергија да уплатат 75 милијарди долари за покривање на штетите од климатските промени, кои наводно се предизвикани во периодот од 2000 до 2018 година. Компаниите за фосилни горива треба да ги исплаќаат овие средства во наредните 25 години.

Хонгконг - Хонгконг најави дека ќе поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) против одлуката на САД да воведат 10 отсто царина на кинеската стока што се извезува од овој финансиски центар.

Истовремено, хонгконшката поштенска служба соопшти дека ќе продолжи со суспензијата на испраќање пакети во САД, иако Американската пошта ја укина првичната забрана за пратки од територии што Кина ги смета за свои, како и од континентална Кина, јавува Си-Ен-Ен.

Нук - Лидерот на владејачката партија на Гренланд, Ерик Јенсен, изјави дека ако неговата партија Сиумут повторно добие мандат на изборите, тој ќе го забрза процесот на независност на Гренланд.

Тој рече дека во тој случај ќе иницира одредени правни чекори за преговори за условите за идните односи на Гренланд со Данска и одржување референдум за независност во следниот парламентарен мандат, пишува Гардијан.

Дубаи - Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека преговорите со САД „не се паметни, мудри или чесни“, откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи можност за преговори со Техеран.

Ајатолахот Хамнеи исто така сугерираше дека „не треба да има преговори со таква влада“, но тој избегна да издаде директна наредба.

Лос Анџелес - Објавен е трејлер за новиот хорор-филм заснован на расказот „Мајмун“ на Стивен Кинг од 1980 година. Филмот во кината треба да се појави кон крајот на февруари, но продукциската куќа „Неон“ откри дека четири телевизиски станици, наводно, одбиле да го прикажат трејлерот, поради премногу насилство.

„Го испративме трејлерот за 'Мајмун' на четири телевизиски станици. Не помина добро“, објави „Неон“ на „X“.

 

Тагови

Остани поврзан