• сабота, 22 февруари 2025
МИА Флеш

 20  февруари 2025

Скопје - Ние како чинители сме мала држава, но јасно сме ја осудиле руската агресија и се што оди во прилог на мир и да се заштитат интегритетот и границите на Украина ние го поддржуваме, кажа првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити прашан за позицијата на државата во однос на преговорите за мировно решение за агресијата во Украина и дали се согласува ЕУ да биде на маса бидејќи разговори се најавуваат само меѓу САД и Русија. 

Тој го повтори истиот одговор во однос на ставот на дел од аналитичарите дека при евентуална промена на границите во Украина ќе порасне иредентизмот на Балканот. 

Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска  неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го одржуваа професионалните сметководители на кои, како што тие тврдат, им е одземено правото на работа. 

- Треба да се најде фер решение, напишете ми ги писмено сите забелешки и доставете ми ги, им порача министерката на сметководителите.

Таа ги покани да влезат и во архивата на Министерството да ги остават сите документи.

Скопје -  Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). 

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои  23 427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари или 9,6 отсто. За лична хигиена и одржување на хигиена во домот треба да се одвојат 2.195 денари или 3,4 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.844 денари или 7,6 отсто.

Скопје - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.

Скопје - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на новинарско прашање зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети не е повикан во Обвинителството и во полиција ако е сигурен дека тој е во секојдневна комуникација со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство, кажа дека адресата за тоа прашање се двете спомнати институции. 

- Тоа не е моја работа, тоа е работа на Обвинителството и на Полицијата, но јас ги познавам одвнатре, гледам како функционираат и гледам дека уште се под негово влијание, кажа Меџити.

Скопје - Климатските промени претставуваат еден од најголемите предизвици на нашето време. За ефикасно да се справиме со овие предизвици, мораме да инвестираме во човечкиот капитал - нашата колективна способност да се приспособиме, да иновираме и да градиме отпорни општества. Во таа насока, го финализираме предлогот на Законот за климатска акција, каде, покрај другото, се вградени прашањата за образование за климата и трансферот на технологии, изјави денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Скопје - Зоолошката градина во Скопје демантира дека се угинати над 40 животни. Како што информираа денеска оттаму имаат 646 животни од 91 вид, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и се грижат за животните.

Писмениот допис до медиумите, како што велат од ЗОО Скопје, го праќаат со цел и надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини и со пласирање на информации со цел да ја вознемират јавноста.

Велес - Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски распиша јавен повик за распределување финансиски средства од Програмата за активностите на Општината во областа на спортот и здуженија на граѓани за 2025 година, за материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на Општина Чашка.

Целта е да се унапреди соработката и да се придонесе кон општествен развој на општината. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 25 февруари годинава.

Тирана - Според Албанското специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК),  само во текот на 2024 година,  почната е истрага против 629 лица. Меѓу нив се поранешни министри, градоначалници, бизнисмени.

Од нив,  236 лица или 37,5 отсто биле истражувани со изречена безбедносна мерка „затворски притвор“, на слобода се истражени 246 лица или 39,1 отсто, додека со изречени други безбедносни мерки истражувале 147 лица или 23,4 отсто.

Брисел - Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше законски избран на фер, слободни и демократски избори. Украина е демократија, а Русија под (рускиот претседател Владимир) Путин не е, изјави денеска портпарол на Европската комисија, одговарајќи на прашања поврзани со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп.

- Не можам да претпоставам од каде американскиот претседател црпи информации за да дава вакви изјави, додаде портпаролот.

Москва - Британскиот план за обновување на Украина по војната веќе наиде на првата пречка. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јасно порача дека секое присуство на НАТО трупи на територијата на Украина е апсолутно неприфатливо за Русија.

НАТО во Украина? Тоа едноставно не е опција. Таквото сценарио би имало сериозни последици врз безбедноста на Русија и е целосно неприфатливо, нагласи Песков.

Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп ги поддржа повиците федералната Влада да го преземе управувањето со Вашингтон, округ Колумбија (Washington, D. C), кога локалните власти „не ја вршат својата работа“ кога станува збор за справување со криминалот и бездомништвото. 

Републиканците изминатите години се обидуваат да ја укинат локалната самоуправа во округот Колумбија, упориште на демократите.

Вашингтон - Мајк Пенс, потпретседател на САД за време на првиот мандат на Доналд Трамп, реагираше на изјавата дека Украина ја започнала војната со Русија.

Трамп вчера, коментирајќи го незадоволството на Украина поради преговорите меѓу САД и Русија, изјави дека Украина го започнала конфликтот.
- Денеска слушнав ‘Ох, не бевме повикани.’ Па, три години сте тука, требаше да го завршите тоа… Никогаш не требаше ни да почнете. Требаше да постигнете договор, рече Трамп.

Бразилија – Во Рио де Жанеиро вчера се измерени приближно 40 степени Целзиусови, а во западниот дел на градот регистрирани се 44 степени, што е највисока температура од 2014 година.

Вчера беше најтоплиот ден оваа лето во Бразил.

Цивилната одбрана издаде предупредување до жителите на Рио де Жанеиро и туристите, советувајќи ги да преземат мерки на претпазливост во екстремни услови.

Тагови

Остани поврзан