МВР-билтен
- На 11.02.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(42) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол, куршуми, дигитални ваги и пари. М.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - На 11.02.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(42) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол, куршуми, дигитални ваги и пари. М.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 12.02.2025 во 00.30 часот во близина на с. Дебреште, Прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Р.Ј.(18) и Е.Ш.(18), двајцата од с.Дебреште. При преглед на патничко возило „фолксваген голф” со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Р.Ј., а сопатник бил Е.Ш., била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 11.02.2025 во 15.55 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода го лишија Ј.П.(41) од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис. Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, кое е пронајдено кај него од работник на обезбедување при излез од фабриката. По целосно документирање на настанот, против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.02.2025 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.С.(30) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.02.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.И.(60) од с.Матка, Скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба.
На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, парите ги оставила на претходно договореното место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.02.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(41) од с.Љубанци, Скопско, пријавил дека околу 13.10 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.02.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, Ф.С.(38) од Скопје пријавил дека на 10.02.2025 околу 18.40 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Џ.А.(55) и Џ.А.(19), двајцата од Скопје, кои употребиле и тврд предмет. Пo целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (12.02.2025) околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ј.(33) и Д.Ј.(36), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.02.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 околу 11.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала, при што настанот бил снимен и видеото било објавено на социјални мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (12.02.2025) во 01.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а М.С. се здобил со повреда додека се симнувал по скалите од зградата и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на помош. Извршен бил увид.
На 11.02.2025 во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција, затоа што со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар. По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.
На 11.02.2025 на подрачјето на Гази Баба во напуштени магацински простории, по претходна пријава од граѓанин, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња биле пронајдени 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут. Предметите се подигнати и предадени за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.02.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, Х.М.(33) од с.Никиштане, Скопско, пријавил дека, откако го земал малолетниот син од детска градинка на подрачјето на Карпош, забележал црвенило на лицето на детето, кое, според пријавеното, најверојатно му било од удар со рака. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (12.02.2025) во 09.10 часот во СВР Скопје, З.С.(45) од Скопје пријавил дека на 07.02.2025 околу 11.30 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.02.2025 во 10.50 часот во ОВР Гостивар, Д.Х. од Гостивар пријавил дека во населба Питарница, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 11.02.2025 во 20.45 часот, В.Ѓ.(56) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 11.02.2025 во 10.00 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(56) од Прилеп пријавила дека на ул.„Генерал Васко Карангелески” била касната од куче скитник.
На 11.02.2025 во 09.00 часот во Полициско одделение Кривогаштани, Г.Б.(61) од Прилеп пријавил дека во с.Воѓани, Прилепско, бил каснат од куче скитник.
На 11.02.2025 околу 10.30 часот З.Г., инспектор во град Скопје, пријавил во СВР Скопје дека на ул.2 бб во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење на надзор и подигање на мостри, дошле две лица и еден од нив (К.Д. -градоначалник на Шуто Оризари) почнал да ги навредува него и неговите колеги и да им се заканува и го попречувал земањето на мостри. Се работи на расчистување на случајот.
На 11.02.2025 во 13.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.Д.(50) од Скопје – градоначалник на Шуто Оризари, пријавил дека за време на инспекциски надзор на отпад од страна на вработени во град Скопје, кој бил сместен на неговиот имот на подрачјето на Шуто Оризари, Ф.С.(47) од Скопје, вработен во град Скопје, му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.12.2024 во Прилеп, пријавениот физички нападнал малолетник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 03.01.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ при вршење на семејно насилство и „телесна повреда“. На 21.12.2024 во домот, пријавениот физички ги нападнал и се заканувал на неговите сопруга и ќерка.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 13.10.2024, пријавениот склучил договор со рент а кар компанија за изнајмување на патничко возило, но по истекување на рокот тој не го вратил возилото. По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(35) и С.А.(47), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шуми“ и „кражба“. На 21.01.2025 во атарот на село Присад, на место викано „Борула“, пријавените извршиле бесправна сеча на дрва, кои им биле одземени при контрола на полициски службеници.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Х.(28) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.11.2024 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Ф.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.08.2024 во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(30) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 04.12.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
СВР Велес поднесе кривична пријава против З.К.(53) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.02.2025 во Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 11 килограми опиум.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 14.06.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(38) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.02.2025 во с.Врапчиште, Гостиварско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин, а по извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и дигитална вага со остатоци од канабис.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16 - годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 06.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и хероин.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(40) од с.Зрновци и Т.П.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 12.02.2024, пријавените им овозможиле на две лица да користат марихуана и амфетамин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. На 22.12.2024 во Kуманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(72) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. На 20.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. мд/
Фото: МИА архива