МВР-билтен
- На 05.02.2025 околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје.

Скопје, 6 февруари 2025 (МИА) - На 05.02.2025 околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“. Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(23) од Скопје и Б.Д.(23) од Гостивар, а со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.02.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило - влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, Струмичко. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 05.02.2025 во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, кај с.Џепчиште, Тетовско, Р.Р.Р.(57) од с.Шемшево, Тетовско, управувајќи четирицикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 05.02.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Р.Е.(31) од Гостивар пријавил дека на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.02.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Карпош, С.П.Т.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче.
На 05.02.2025 во 13.30 часот во Полициската станица Драчево, А.Д.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. мд/
Фото: МИА